недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

„Нема шанси во идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да се крене телефон на обвинител и судија“

„Нема шанси во идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да се крене телефон на обвинител и судија“

Сега синоним за корупцијата во правосудниот систем е „Луи Витон обвинителство“ или преку јавно објавен материјал видовме како функционирало тоа обвинителство, рече меѓународниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски на дебатата на телевизија Алфа каде гостуваше и Бојан Маричиќ, советник во Владата.

Муцунски укаѓа и што се се случува во државава.

-Премиерот деновиве кажа дека наскоро очекува судски одлуки за тековни предмети. Зарем тоа е најава од премиер, негово мешање во судската власт? Кога ќе слушне судија ваква изјава од премиер норамлно е да го почувствува како притисок, вели Муцунски.

Според него сега треба да се тргене спрегата, начинот на размислување или дека не може да се користи обвинителство за политички, бизнис интереси.

-Време е за влада која ќе се занимава со политики и законски измени, но да го смени и начинот на размислување. Нема шанси идната влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да се крене телефон на обвинител и судија, рече Муцунски.

Тој му укажа на Маричиќ дека тоа може да се направи и ќе се направи, но оти СДСМ и Владата не успеаја да го направат тоа.

Најнови вести

Коронавирус