четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 1
home Вести

Нема решенија за изолација за Димитров и Османи

Нема решенија за изолација за Димитров и Османи

Нема ризичен контакт и нема да се издаде решение за изолација за ниту еден член на македонската делегација која присуствуваше на состанокот во Берлин, заклучила Комисијата за заразни болести, по извршената епидемиолошка проценка на ризик, соопштија од Секрертаријатот за евопски прашања и од Министерството за надворешни работи.

Бугарското МНР денеска соопшти дека вицепремиерката и министерка за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева е во самоизлација и се чека резултатот од нејзиниот ПЦР-тест, отако бил позитивен на брз тест за КОВИД-19 член од бугарската делагација на состанокот во Берлин во понеделникот на кој присиствуваа и вицепремиерот Никола Димитров и шефот на дипломатијата Бујар Османи заедно со претствници од Сојузна Република Германија

– Веднаш по добивањето на информацијата дека постои можност дел од бугарската делегација, која беше присутна на состанокот во Берлин, да е позитивна на КОВИД-19, СЕП се обрати до Комисијата за заразни болести, каде се изврши епидемиолошка проценка на ризик. Имајќи предвид дека сите мерки биле почитувани од страна на македонската делегација, односно сите претставници носеле маски и одржувале значителна дистанца, заклучокот од комисијата е дека нема ризичен контакт и дека нема да се издаде решение за изолација за ниту еден член на македонската делегација, соопштија од СЕП.

Сепак, со оглед на тоа дека вицепремиерот Димитров во наредниот период ќе продолжи со интензивни активности и меѓународни контакти, од СЕП наведуваат дека тој ќе изврши редовно превентивно тестирање согласно проактивната политика за тестирање на СЕП.

И од МНР, за МИА изјавија дека во разговор со Комисијата за заразни болести, констатирано е дека организаторите ги презеле сите мерки за заштита , во текот на средбите учесниците ги користеле сите мерки и протоколи за заштита при што е констатирано дека во ниту еден момент немало ризичен контакт кој би бил причина за изолација,

Захариева е во самоизолација и се чека резултатот од нејзиниот ПЦР-тест, откако заменик министерот Петко Дојков кој бил дел од делагацијата на состанокот во Берлин во понеделникот бил позитивен на брз тест за КОВИД-19.

Захариева нема симптоми, е во добра општа состојба и продолжува да ги извршува своите службени должности. Иако резултатот од брзото тестирање не е основа за карантин, потребно е таа да се изолира. Резултатите на заменик министерот Дојков се уште не потврдени со ПЦР тест, информраат од бугарското МНР.

Покрај Захариева и Дојков, во карантин се сите членови на бугарска делегација која беше во Берлин.

Средбата на вицепремиерот за европски прашања Димитров и шефот на димпломатијата Османи со нивната колешка Захариева во Берлин беше на покана од германскиот министер за надворешни работи Хајко Мас и на министерот за Европа Миахел Рот со цел приближување на позициите на Скопје и Софија во насока на отпочнување на пристапните преговорите со ЕУ за време на германското претседателвство. (МИА)

Коронавирус