сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 54
home Вести

Нема препораки за нови мерки, Филипче и Караџовски ќе решаваат следната недела

Нема препораки за нови мерки, Филипче и Караџовски ќе решаваат следната недела

Министерот за здравство  Венко Филипче на состанокот со претседателот на Комисијата за заразни болести д-р Жарко Караџовски, и д- р Сузана Маневска, на кој телефонски се консултираа со сите членови на Комисијата, попладнево одлучија дека нема да дадат препорака за нови рестриктивни мерки.

Комисијата за разгледување на нови дополнителни мерки ќе одлучува на состанокот в понеделник, за да се даде време да се утврди дали мерките кои се веќе на сила даваат резултат. Комисијата ја следи епидемиолошката ситуација и доколку е потребно после викеднот ќе препорача дополнителни рестриктивни мерки, како целосно затворање на некои економски оператори и ограничување на движењето дали во текот на едно деноноќие, во попладневните часови или за време на викенд.

Како што денеска посочи министерот Филипче, мерките кои се на сила доколку доследно се почитуваат би дале резултати исто како што би дал и полицискиот час.

Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести апелираат на целосно и доследно почитување на мерките кои се на сила како забрана за работа на угостителски објекти после 21 часот, групирање повеќе од 4 лица во текот на 24 часа како и максимално почитување на протоколите на сите економски оператори.

 

Коронавирус