недела, 9. мај 2021. Вести денес: 129
home Вести

Нема повредени во пожарот во Центар, интервенирале 7 противпожарни возила

Нема повредени во пожарот во Центар, интервенирале 7 противпожарни возила

Пожарот што претпладнево избувна во стан во центарот на Скопје е локализиран, а во текот на гаснењето нема повредени, изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Ѕвонко Томевски.

Опожарен бил стан на втор кат во зграда на улица „Даме Груев“, како и балкон на стан над него.

Противпожарните единици интервенирале со седум возила, и како што истакна Томевски, навреме е спречено проширување на пожарот.

Засега нема официјални информации за причината за пожарот. Полициски екипи се во зградата каде што избувна пожарот.

Од полицијата посочуваат дека се уште немаат информации за причините за пожарот, единствено посочуваат дека пожарот е пријавен кај нив.

Коронавирус