сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Нема потреба од одење кај матичен лекар: Електронски рецепти за хронично болните

Нема потреба од одење кај матичен лекар: Електронски рецепти за хронично болните

Од утре хронично болните лице нема да треба да одат кај матичните лекари за да земат рецепт за својата редовна терапија, туку ќе почнат да се користат електронски рецепти, кажа на денешната прес конференција директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев.

Како што рече Дончев, пациентите ќе треба само телефонски да се јават кај матичните лекари и да добијат информација дека им е креиран рецептот.

-Потоа одат директно во аптека и со документ за лична идентификација ќе можат да ги подигнат пропишаните лекови, рече Дончев.

Ако пациентите не можат лично да одат во аптека, се предвидува друго лице, во нивно име да ја подигне терапијата од аптеката.

Дончев додаде дека системот во прво време ќе функционира за хронично болните пациенти, но оти се работи и за негова примена и кај сите осигуреници на Фондот и за сите дијагнози.

Коронавирус