среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 71
home Вести

Нема подолги задржување за влез и излез од државата

Нема подолги задржување за влез и излез од државата

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

“Виадукт Трејд Дооел” денес – 14.10.2019, ќе изведува градежни активности – поставување на индуктивни јамки на магистрален пат А2 Групчин – Тетово, наплана станица Желино во времетраење од еден ден, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.

Доо ПРО – ГЕО известува дека согласно на одобрението за времена измена на режим на сообраќај издадено од Министерството за транспорт и врски, со број 11-уп-127/4 од 07.10.2019 год. на автопат А1,А2 и А4, делница Миладиновци – Петровец – Хиподром – Миладиновци, почнувајќи од ден 12.10.2019 год.(сабота) ќе се вршат геодетски мерења согласно добиеното одобрение. Геодетските мерења ќе се вршат секој ден од 07.00 до 18.00 часот почнувајчи од 12.10.2019 год. до 07.11.2019 год.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Коронавирус