четврток, 1. октомври 2020. Вести денес: 133
home Вести

Нема подолги задржувања на граничните премини

Нема подолги задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози на пониските и наместа влажни коловози на повисоките места, информираат од Авто-мото сојузот на Македонија и препорачуваат внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

Коронавирус