петок, 9. јуни 2023. Вести денес: 64
home Вести

Нема подолги задржувања на граничните премини

Нема подолги задржувања на граничните премини

Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози.

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.

Се препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани – Македонска Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Демир Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти месецов.

Најнови вести