сабота, 28. ноември 2020. Вести денес: 73
home Вести

Нема податоци за туристите кои се вратија од Италија- Ако се зголемува бројот на заразени во Македонија ќе се прогласи кризна состојба

Нема податоци за туристите кои се вратија од Италија- Ако се зголемува бројот на заразени во Македонија ќе се прогласи кризна состојба

Точни податоци за бројот на туристи кои се вратиле од Италија се уште нема, но се очекуваат деновиве откако ќе бидат комплетирани со оглед на големиот број туристички агенции преку кои се патува.

Од владата нагласуваат дека тие што биле во странство при враќање во државава се задолжени да бидат во изолација и мора да останат дома, а особено за оне што доаѓаат од ризичните држави. Ако тоа не го почитуваат тогаш ќе следат соодветни мерки. Опасно е ако тие кои се враќат во државата да не ги почитуваат препораките, да кријат од каде доаѓат, да не сакаат да кажат на граничните служби, да не ги пополнат правилно формуларите.

-Ако дојде до зголемување на бројот на случаи ќе се преземат и други дополнителни мерки како што е прогласување кризна состојба, но засега нема потреба од тоа. Состојбата се следи и во моментов најважно е да се спречи натамошното ширење на вирусот, велат од Владата во коментар на дилемите како ќе се одвива претстојната изборна кампања.

Засега нема да се воведат посебни економски мерки и владините економски ресори се во постојана комуникација со стопанските комори.

-Се прават контроли од надлежните инспекторати и досега нема драстично зголемување на цените. Во државите во регионот се случуваат такви работи, но кај нас нема драстично зголемување на цени, ниту пак поголема паника со потрошувачка во маркетите што не значи дека сега нема да се случи по воведените рестриктивни мерки. Заедно со економските ресори и стопанските комори се следи ситуацијата, ова е глобален проблем, се случува одредена динамика во економијата, но се уште следиме за да излеземе со конкретни мерки. До крајот на неделата ќе има дополнителни проценки, информираат од Владата.

Во случај да дојде до продолжување на четиринаесетдневното затворање на воспитно образовните институции, од Владата велат дека школската година може да се организира со скратена наставна програма ако има потреба. Сега не се организира само наставата, а наставниот кадар ќе доаѓа на работа само за потпис, одржување состаноци и други тековни работи. Во однос на хигиената имаат јасна препорака дека треба да бидат внимателни.

-Сите вакви околности се регулирани во Законот за основно образование, предвидено е што ако се изгубат над 100 наставни денови, подготвување на скратени наставни програми. Наставата ќе се организира и така на крај ќе се оценат и учениците, појаснуваат од Владата.

 

Коронавирус