петок, 5. март 2021. Вести денес: 124
home Вести

Нема одговорност зошто родилката од Дебар си заминала дома без три органи

Нема одговорност зошто родилката од Дебар си заминала дома без три органи

Јавноста ја бранува темата со родилката од Дебар, а се уште нема никаква одговорност од надлежните институции за случајот.

Сторијата на Ј. Веапоска од Дебар е случај кој ги отсликува состојбите во македонското јавно здравство: корупција, нестручност, немање државна контрола врз лекарите и здравствените процеси и, на крај, непоправливи последици за пациентите.

Веапоска која е медицинска сестра од итната помош, преживува вистинска голгота откако се породила во болницата во Струга со царски рез, но од операцијата излегла без матка, бубрег и без еден јајник. Ја убедувале дека е во ред со неа, за на крај дома да замине без три органи за кои никој не понесува никаква одговорност.

Во сведоштвото за Сител телевизија таа раскажува низ што се поминала. Жената била бремена со второ дете и бременоста ја следела кај докторот, гинеколог Мухамед Асани во негова приватна ординација во Струга, која се наоѓа во неговата приватна куќа. Освен што врши приватна гинеколошка пракса, Мухамед Асани е директор и гинеколог во струшката болница.

По породувањето, иако кажала дека не се чувствува добро, докторот Асани по три дена ѝ дал отсутно писмо и ѝ рекол дека е подготвена да замине дома, иако таа се противела. Неколку дена подоцна се враќа на преглед со болки по пределот на абдоменот. Влезот во операционата сала е последното нешто на кое што се сеќава жената, раскажала таа за „Сител“. Се разбудила по 10 дена, како што вели на КАРИЛ, каде дознала дека нема матка, јајник и еден бубрег.

Во ноември минатата година, Државниот санитарен и здравствен инспекторат извршил инспекција и ја прогласи нивната институција за ненадлежна, за да побара стручен надзор и да ги пренесе надлежностите на Комората на лекари и Министерството за здравство, кои до денес немаат не ја земале во предвид предметната институција.

-Загрижувачки е и фактот дека надлежните органи играат улога на глувонеми и ја продолжуваат играта на одбрана на недопирливите или партиските војници. Иако поминаа 4 месеци, сè уште нема епилог од овој настан со сериозни последици, што покажува неспособност на системот и комплицираните лавиринти за постигнување на правда, за што зборува и ветува владата, а жртвите на неспроведувањето се обичните граѓани на оваа држава, која сè уште се влече по бесконечниот пат на транзиција, се вели во реакцијата на Алијанса на Албанците.

Оштетената жена подготвува кривична пријава за загрозување на здравјето и за несовесно лекување на директорот на струшката болница доктор Мухамед Асани, како и тужба за надомест на штета.

-Генерално мојата клиентка не е заинтересирана за парите, меѓутоа сакаме правдата да излезе на виделина. Станува збор за млада жена, никому не му е јасно како може да излезеш од операција без толку органи, вели за ,,Слободен печат” адвокатот Јанев кој е полномошник на пациентката и кој се бори за расветлување на случајот во институциите.

Коронавирус