четврток, 23. септември 2021. Вести денес: 0
home Вести

Нема одговорност на барањата до обвинителството и судот затоа што власта се плаши од одговорност

Нема одговорност на барањата до обвинителството и судот затоа што власта се плаши од одговорност

За жал секогаш кога навистина треба да се имплементираат заложбите во борбата против криминалот и корупцијата, гледаме дека од таму единствено нешто што може да дојде е тишина, нема буквално никаков одговор на нашите барања бидејќи се уплашени, одговори Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали има добиено одговор на трите барања што ги испорача на протестот пред судот.

-Затоа што знаат дека доколку се соочат со тие барања, тогаш одговорноста не им бега. Но колку и да ги игнорираат остануваат помалку од 40-тина дена до 12 април, кога народот гласно ќе зборува, а после 12-ти април ќе не можат да ги игнорираат бидејќи политичката реалност во Македонија ќе биде поинаква и тогаш ќе мора да се соочат со сите неуспеси криминал и корупција, понижувања и омаловажувања, кои што ги генерираат изминативе три години, потенцираше Мицкоски.

Коронавирус