среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 102
home Вести

Нема надеж за весникот „Независен“

Нема надеж за весникот „Независен“

Нема надеж за весникот „Независен“. Како што пишува Фактор, на вработените им било соопштено дека весникот и утре нема да се печати.

Сепак, кажано им било дека до крајот на оваа недела треба да доаѓаат на своите работни места.

А во меѓувреме, сеуште функционира веб сајтот на весникот, на кој се пласираат информации.

Инаку, главниот проблем заради кој весникот не може да се печати е долг кон печатницата, но според сознанијата на Фактор, не станува збор за некоја голема сума.

Дали може да се најде инвеститор од земјава кој би го финансирал весникот со цел тој да продолжи да излегува, изворите на Фактор велат дека засега нема такви изгледи.

Најнови вести

Коронавирус