среда, 28. октомври 2020. Вести денес: 158
home Вести

Нема мерни станици, нема загаден воздух – стратегија на владата за решавање на загаденоста во земјава!

Нема мерни станици, нема загаден воздух – стратегија на владата за решавање на загаденоста во земјава!

Иако загадувањето на воздухот е погубно за здравјето на граѓаните, а експертите  велат дека од загадениот воздух  во Македонија умираат над 1.300 луѓе годишно, надлежните како да не се грижат за тоа.
На само еден месец пред почетокот на грејната сезона,  ниту една од мерните станици не е во функција. Ова го потврди и старо-новиот министер за екологија, Насер Нуредини кој исто така рече дека не знае и кога истите ќе се поправат.

Инаку и лани Министерството за животна средина исто ја пречека грејната сезона со 12 расипани мерни станици од вкупно 18 кои не мереа концентравија на ПМ 2.5-честички,  кои во Македонија знаат да достигнат дури и 25 пати над дозволеното.

Оттука се поставува прашањето дали Владата, сопствениот неуспех и оваа година ќе се обиде да го прикрие користејќи ги расипаните мерни станици, а граѓаните да се трујат и да се  надеваат на ветровито време и врнежи од дожд за да можат да дишат почист воздух.

Сценаријата се повторуваат, а тие кои се најоштетени се граѓаните кои го дишат загадениот воздух.

Надлежните место да се зафатат со суштинска анализа и сериозен пристап кон решавање на проблемотсо загадувањето, се занимаваат со ставање на проблемите под тепих и носење на популистички краткорочни мерки  кои не даваат резултати како што на пример беше мерката за бесплатен автобуски превоз која се воведуваше и укинуваше во рок од два-три часа.

Коронавирус