понеделник, 18. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Нема крај на партиските вработувања по државни институции

Нема крај на партиските вработувања по државни институции

Речиси да нема ден, а да не се објави нов оглас за вработување на некој партиски активист на владејачката СДСМ во државната и јавна администрација.

Па така, на само четири дена пред Нова година, Агенција за заштита на правото на слободен пристап до информациите од јавен карактер вработува тројца државни службеници на позициите помошник раководител на сектор, раководите на одделение, помлад соработник, Државно правобранителство на Република Македонија вработува 7 државни службеници на позициите раководител на одделение и тоа тројца извршители, помлад соработник, виш референт, и двајца референти.

НУ Национален конзерваторски центар Скопје објавува оглас за тројца јавни службеници на позицијата раководител на сектор, виш соработник и еден самостоен референт, додека пак Државен управен инспекторат вработува 5 државни службеници на позициите советници – инспектори, Министерството за економија вработува еден раковидтел на одделение, а ЈЗУ Универзитетски стоматолошки клинички центар Свети Пантелејмон Скопје вработува четворица референти администратори односно шалтерски работници.

Платата е солидна и во зависност од позицијата, почнувајќи од 14.899 денари, па до 33.957 денари.

Преку вакви масовни огласи за вработување, власта врши директно партизирање на институциите, а се повеќе е јасно и дека не го одржа даденото ветување дека ќе ја намалува администрацијата за 20 проценти се со цел да ги намали непродуктивните трошоци.

Не може да се изостави и фактот дека во опозиција често обвинуваше дека тогашната влада врши партиски вработувања, а сега го прави сосема истото ако не и полошо.

Откако завршија предвремените парламентарни избори, власта до сега има објавено над 500 огласи за вработување во јавната и државната администрација како на централно, така и во институциите на локално ниво.

Коронавирус