понеделник, 20. септември 2021. Вести денес: 104
home Вести

Нема кинески пратки храна во Македонија

Нема кинески пратки храна во Македонија

Алармот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) е вклучен по појавата на корона вирусот, но директорот Зоран Атанасов вели дека простор за паника нема со оглед дека Кина веднаш воведе забрана за каков било излез од зафатените подрачја.

-Алармот е вклучен и кај нас, но нема увоз на пратки од Кина. Вирусот е опасен за луѓето, не и за животните, истакна Атанасов.

Според него, АХВ поседува специфична опрема за заштита од болести која, ако биде потребно, ќе му се стави на располагање на Министерството за здравство.

Коронавирус