вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

„Нема казна за насилникот Курто Дудуш и неговите пајташи, но затоа се шиканира новинарот кој посочил на ова насилие“

„Нема казна за насилникот Курто Дудуш и неговите пајташи, но затоа се шиканира новинарот кој посочил на ова насилие“

Додека се Заев и СДСМ на власт нема ниту правда, ниту правдина во нашата држава. Законот не важи за функционерите блиски до Заев. Тие може да крадат, да малтретираат, да се закануваат и да тепаат луѓе, а органите на прогонот само ќе ја свртат главата и целосно ќе го амнестираат насилството. Вчера слушнавме како Сенад Јашар јавно сведоци за насилството од страна градоначалникот на Шуто оризари од редовите на СДСМ, Курто Дудуш врз него, изјави на прес-конференција членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски кој додаде:

„Сенат Јашар сведочи дека бил затворен во кабинетот на Курто Дудуш и дека бил тепан од него и неговиот советник со шамари и тупаници. Шест месеци по обелоденувањето на оваа аферата нема никаков исход. Напротив се повикуваат и застрашуваат новинари кои што оваа афера ја обелоденија во јавноста. Нема казна за насилникот Курто Дудуш и неговите пајташи, но затоа се шиканира новинарот кој посочил на ова насилие.“

Ѓорѓиевски потенцира дека вчерашното сведочење на Сенат Јашар го отсликува криминалот на оваа власт.

„Врз него е вршен систематски притисок за да го смени исказот и да го заташка овој случај. Полицијата на Спасовски е активен учесник во затскривање на овој настан. Ваквото криминално однесување на власта, обвинителството и судството е срамно и недолично. Нема држава во Европа каде градоначалник претепува граѓанин преку кого претходно сакал да договара матни зделки, а да остане несанкциониран.“

-Ги охрабруваме сите граѓани на Република Македонија, не само Јашар, не се сами во оваа битка, секој еден граѓанин кој е репресиран од страна на власта време е да го крене својот глас. Наскоро правдата доаѓа. Одговорност за секој еден прекршител на законите ќе има, подвлече Ѓорѓиевски.

Најнови вести

Коронавирус