понеделник, 23. ноември 2020. Вести денес: 153
home Вести

Нема град без позитивни на коронавирус: Македонија со рекорден 641 новозаболен, починаа 12 пациенти

Нема град без позитивни на коронавирус: Македонија со рекорден 641 новозаболен, починаа 12 пациенти

Во Македонија вчера беше забележан рекорден број на заразени, дури 641 од 2688 тестирања. Починаа 12 лица, а беа регистрирани и 233 оздравени пациенти.

Министерот за здравство Венко Филипче предупреди дека ако се исполнат и предвидените болнички резервни капацитети, ќе следи полициски час.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 24836, оздравени се 17905, а починаа 862.

Во моментов бројот на активни случаи изнесува 6069 и нема град без Ковид позитивни. Најмногу активни се во Скопје 2983, во Струмица 369, Тетово 314, Куманово 252, Прилеп 237, Кочани 181, Битола 152, Гевгелија 150, Делчево 118, Охрид 116, Велес 113, Гостивар 111 и Кавадарци 102. Нема Во другите градови бројот на активни на Ковид-19 е под 100.

Според најновите податоци, во светот со новиот коронавирус досега се заразени 41.272.150 лица. Од последици од Ковид-19 починале 1.132.528, а оздравеле 30.771.960 луѓе.

Најнови вести

Коронавирус