сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Нема епилог од аферата со прислушувани Обвинителства

Нема епилог од аферата со прислушувани Обвинителства

Една година по обелоденетиот наводен криминал со прислушување на три јавни обвинителства, ниту еден приведен, ниту еден испрашан.

Нема епилог на скандалот кој во ноември лани го обелодени државниот јавен обвинител Љубомир Јовески. Тој тврдеше дека прислушувани биле фиксните телефони во три обвинителства, а разговорите биле снимани на два хард диска.

Со тврдење дека се работи на предметот јавното обвинителство цела една година молчи кој ги добивал разговорите на седумдесетината обвинители и дали тоа влијаело во истрагите, како што тогаш тврдеше Јовески. Денеска од обвинителството кратко ни одговорија

„Се уште траат вештачењата, случајот е во предистражна постапка“.

Тоа што обвинителството на Јовески сега тврди дека е во фаза на предистрага, премиерот Зоран Заев во ноември лани тврдеше дека било завршено пролетта 2018 година.

– Остануваме сериозни борци за правната држава во борбата против криминалот и сето она што се случува во РМ од периодот на режимот која се одолговлекува постојано досега. Никој не може да каже до каде стигнало „големото уво“ во аспирациите да се следи сѐ и сешто во Македонија – изјави премиерот Заев во ноември 2018 година.

Истрагата не само што ниту по една година не откри докази за вмешаност на претходната постава на чело во обвинителството и истражните органи, па дури ниту на претходниците на Заев на Илинденска, туку остана да лебди прашањето – дали некој открива наводни големи скандали и афери за собирање политички поени, налик таа за злоупотребата на вториот пензиски столб за која зборуваше министерката Царовска, а обвинителствот по неколку месеци излезе со став дека таму немало криминал.

ИЗВОР: АЛФА

Најнови вести

Коронавирус