сабота, 21. септември 2019. Вести денес: 91
home Вести

Нема договор, Заев се бори за влијание во ЈО за спас од одговорност за криминалот на власт

Нема договор, Заев се бори за влијание во ЈО за спас од одговорност за криминалот на власт

Без постигнат договор заврши утринава лидерската средба со Собранието. По седум часа преговори, нема договор меѓу лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски.

Иако постоеше оптимизам пред почетокот на средбата, позициите остануваат непроменети.

Извори од лидерската средба велат дека Заев не попуштал во позиициите и грчевито се борел да го задржи влијанието врз Обвинителството. Неговиот предлог бил формирање на две обвинителства.

Едното би било обвинителство за гонење висока корупција со шеф на предлог на ВМРО-опозицијата. Второто Обвинителството за гонење на организиран криминал останува. Во новото обвинителство, било предложено, да влезат сите обвинители од СЈО. Предлогот на Заев значи и тоа дека ова ново обвинителство би требало да почне да функционира по парламентарните избори, а тоа значи дека случајот „Рекет“ останува во надлежност на Вилма Русковска од Обвинителството за гонење на организиран криминал.

За Заев прв избор останува Рускоска со цел да има амнестија за случајот „Рекет“, но и други скандали поврзни со власта кои излегоа во јавноста. Ова преку социјалните мрежи го потврди и Антонио Милошоски.

-Договор за нов Закон за обвинителство можеби и ќе се постигнеше доколку премиерот Заев не беше токолу нервозен во врска со предметот “Рекет”, што не може да прифати ниедно системско решение за висока корупција во кое друг професионален обвинител би имал увид во овој мега-скандал, освен владино-подобната обвинителка Вилма Рускоска. Таквото однесување остава сомнеж дека хиерархијата на соучесници и организатори во “Рекет” е многу повисоко во власта, од улогата која во овој криминал ја имала осомничената Катица Јанева, напиша Милошоски на Фејсбук.

Извори од лидерската средба посочуваат дека преговорите се вртеле во круг, а преговарачкиот тим на власта разговорите ги враќал на прашања кои се сметале за затворени, без желба да се постигне договор.

Засега нема информации дали ќе продолжат разговорите на работните групи.