понеделник, 10. мај 2021. Вести денес: 85
home Вести

Нема ден да помине без Марин да направи некој нов скандал, обвинуваат од Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ

Нема ден да помине без Марин да направи некој нов скандал, обвинуваат од Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ

Нема ден да помине без градоначалникот на скопската Општина Аеродром – Златко Марин да направи некој нов скандал, реагираат од Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Нивното соопштение го пренесуваме во продолжение:

Како да не беше малку што жителите на скопски Аеродром мораа да ја трпат изминативе три години катастрофата наречена СДС и Марин, нивното неработење, лаги и корупција, како и целосното пустошење на општината, што резултираше со најниски оцени и мизерно ниски рејтинзи кај граѓаните.

Да, ова не беше доволно. СДСМ и Марин можат повеќе, полошо и помизерно!

Само изминативе неколку денови неспособноста, корупцијата и немањето на елементарна визија и концепт за работа на Марин е повторно презентирана пред јавноста.

Прво беше целосната неспособност на Марин да се справи со врнежите на снег. Затрупани улици, блокирани јавни паркиралишта и целосно непроодни и замрзнати пешачки патеки е глетката во Аеродром денес, неколку дена од кога престанаа врнежите со снег.

Потоа дојде и скандалозниот конкурс за најдобри новинарски текстови со кои би се фалела општината Аеродром и градоначалникот Марин, со награден фонд од 180.000 денари. Овој еклакантен обид за поткуп на новинари веднаш беше осуден од страна на јавноста, како обид за влијаење на независноста на медиумите, а за истото се огласија и од Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) кои побараа негово повлекување.

На ова треба да се додадат и фантастичните 73.000 евра кои Марин ги дава на маркетинг агенцијата за негова лична промоција, иако Општина Аеродром има сектор за односи со јавност.

И таман помисливме дека по ваквите големи скандали и промашувања конечно Марин и СДСМ ќе се тргнат од насловните страни на медиумите, ете го Марин со уште еден „брилијантен“ проект – на неколку месеци пред избори формира ново општинско јавно претпријатие за развојни проекти. Да, на Марин неколку месеци пред заминувањето од оваа функција му текна да прави јавно претпријатие за РАЗВОЈ НА ПРОЕКТИ!

За трагедијата да биде уште поголема, како една од причините за формирање на ова претпријатие од кабинетот на Марин го наведуваат проектот за изградба на голф терени во Аеродром. Веќе на сите ни е јасно дека ова ново претпријатие на Марин нема за цел да биде современ и напреден систем за развој на европски проекти со кои би се стигнало до финансиски средства од европските фондови. Ова е само уште едно место каде СДС и Марин можат да ги вдомат нивните партиски кадри кои ќе бидат дополнителен товар на грбот на граѓаните.

На претстојните локални избори жителите на Аеродром ќе ги казнат ваквите скандали и неработењето на СДС и Марин. ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори ќе понуди реална програма и проекти со кои ќе се подобри квалитетот на живот на жителите на оваа скопска општина.

Коронавирус