понеделник, 25. мај 2020. Вести денес: 66
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Нема да има паричнa награда за полицајците- власта на СДСМ и Заев го отфрли предлогот на Чулев

Нема да има паричнa награда за полицајците- власта на СДСМ и Заев го отфрли предлогот на Чулев

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција, потврди дека нема да биде биде прифатена предлог-уредбата на министерот за внатрешни работи Наќе Чулев за еднократна и линеарна финансиска награда од 15.000 денари за сите полициски службеници.

– Секоја чест за чуварите на нашиот јавен ред и мир. Многу службени лица и во другите сектори се залагаа во овој тежик период и работеа по 16-17 часа, па и во сабота и недела. Тоа е некоректен предлог, ако се знае дека само два дена претходно министерот Чулев поднесе предлог за кратење од 88 милиони денари од трошоците на министерството, рече Ангеловска.

Претходно Македонскиот полициски синдикат побара од министерот Чулев да издејствува зголемување на платите на полицајците за 20 отсто за месеците април и мај.

Вработените во Центрите за јавно здравје како и сите членови на Итна медицинска помош ќе добијат 20 отсто повисока плата како награда за два месеци. Владата за ова предвиде еден милион евра, а околу 3.000 здравствени работници ќе бидат наградени заради нивниот ангажман во борбата со пандемијата. Наградени ќе бидат докторите и медицинскиот персонал на инфективните клиники, а парите ќе бидат префрлени на домашна платежна картичка.

Коронавирус