четврток, 28. јануари 2021. Вести денес: 76
home Вести

Нема човек што не почуствувал срам кога го гледал Заев

Нема човек што не почуствувал срам кога го гледал Заев

Има работи коишто се свети, има работи коишто не се предмет на пазарење за секој со нормален ум и разум. Затоа постојат државите, тоа не прави посебни и тоа е дел од нашиот идентитет. Премногу молчевме! Премногу бевме со наведната глава, но сега е времето кога треба да ја кренеме главата и да кажеме ДОСТА Е! Време е Македонците повторно да се борат и да се изборат за својте правдини, рече во своето обраќање на протестот лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

-Драги пријатели, драги сограѓани во нашата Република Македонија, ова што Зоран Заев и го прави на Македонија е срамно. Срамно е измамништвото негово. Нема човек од Македонија кој не почувствува срам кога го гледаше онака понизно, како со треперлив глас се додворува на бугарската политичка елита. Зошто?? За таа пуста фотелја. И додека тоа го правеше се откажуваше од жртвата на Илинденците, од жртвата на партизаните кои биле наследници на Илинденците. Газеше по коските на Страшо Пинџур, Мирче Ацев, Кузман Јосифовски Питу, Христијан Тодоровски Карпош, Орце Николов, Борка Талески, Раде Јовчевски Корчагин, Вера Јоциќ… а со тоа и на саможртвата на Гоце, на Даме, Питу и сите други илинденски првенци, луѓето кои ја започнаа својата борба која што ние природно денеска ја водиме и ден денес се бориме за нашата Македонија.

Коронавирус