сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 118
home Вести

„Нема анкетар кој ќе му ги фризира анкетите на Заев, па најмува негатори на македонскиот идентитет и постоење како Рајчев“

„Нема анкетар кој ќе му ги фризира анкетите на Заев, па најмува негатори на македонскиот идентитет и постоење како Рајчев“

„Србија со една многу подмолна политика успеа да оддели едно парче од Бугарите и да ги претвори во самостојна нација“ е теза на Андреј Рајчев еден од основачите на Брима ДОО во Македонија, агенцијата која ја прави анкетата за потребите на Зоран Заев, на која фризирано СДСМ води, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Рајчев е главен идеолог за идејата на отворање на бугарски универзитет во Скопје, тој во интервју за бугарски медиум кажа: „Наш интерес е тие да знаат за Бугарија. Зошто, на пример во Скопје да нема бугарски универзитет?“

Рајчев е човек со докажани антимакедонски позиции, и ја негира македонската посебност, национален идентитет, јазик и култура.

Нема анкетар кој ќе ги застапува тезите на Заев и ќе фризира податоци, па мора да прибегнува кон најмување на најголемите противници на македонското постоење.

По оваа денешна анкета гледаме дека Заев е толку очаен што е спремен да плаќа и негатори на македонскиот идентитет само за да создава привидна реалност.

Фризирање на јавното мислење нема да му помогне да не изгуби на избори. Време е за соочување со граѓаните, а таму го нема Рајчев и неговите скапо платени анкетари, реагираат од партијата.

Коронавирус