среда, 29. јануари 2020. Вести денес: 139
home Вести

Неловски: СДСМ троши илјадници евра за партиско рекламирање, а за еден ден ги задолжија граѓаните за нови 300 милиони евра

Неловски: СДСМ троши илјадници евра за партиско рекламирање, а за еден ден ги задолжија граѓаните за нови 300 милиони евра

Во исто време кога СДСМ троши илјадници евра, а можеби и стотина илјади евра на медиумите за партиско рекламирање, истите тие се задолжуваат за само еден ден со нови 300 милиони евра на грбот на граѓаните и на грбот на идните поколенија и нашите деца, рече на денешната прес-конференција, Владимир Неловски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Со вчерашното задолжување, долгот кој Заев им го остава на граѓаните е над 910 милиони евра нето. За само 31 месец Заев ја задолжи државата за 910 милиони евра, а притоа не направи ништо. Нема проекти нема инвестиции. Има само криминални тендери и партиски вработувања. За цели 10 месеци од оваа година Зоран Заев успеа да реализира само 40% од предвидените капитални инвестиции, а да не правеше ребаланс со кој се скрати од парите наменети за развојни проекти истите ќе беа 36%. Ова е очајно. Не можат да го исполнат ниту она што самите на почетокот на годината си го поставиле во план за реализација. Но затоа немаат проблем кога треба да се задолжат и да земат нови милиони евра кои ќе можат да ги делат на криминални тендери. Ситуацијата е алармантна, плановите за задолжување и економската политика на СДСМ се катастрофални, истакна Неловски.

Расипништвото мора да запре. На недомаќинското работење мора да му се стави крај. По 12-ти април следува одговорно трошење на народните пари и домаќинско управување со долгот на државата, кој го враќаат граѓаните, а не некои политичари, додава тој.