недела, 15. септември 2019. Вести денес: 63
home Вести

Нелоски: За жал младите во овој момент во Македонија ги држи само семејството

Нелоски: За жал младите во овој момент во Македонија ги држи само семејството

Во денешната емисија „Детектор“ гостуваше Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при што истакна дека за жал денеска во Македонија младите ги држи само семејството.

-Сметам дека наредната влада која што ќе дојде, јас сум убеден дека тоа ќе е на ВМРО-ДПМНЕ, најпрво треба да се погрижи за политичката одговорност која што ја има како партија, односно ако ветиме тоа, тоа и тоа дека ќе го направиме за младите да го направиме. Мислам дека како политичари наша е одговорноста да созададеме систем каде што младите ќе веруваат во државниот апарат, посочи Нелоски.

Нелоски додаде дека потребно е да се создаде средина каде што младите нема да мислат дека политичарите се појавуваат само еднаш во четири години, не ветуваат брда и долини колку да дојдат до кожните фотелји.

-За жал во изминатите две-три години ниту еден од најкрупните проекти за млади до сега не се ни започнати со реализација. Се надевам дека ќе започнат. Само за поздравување е проектот „Купи куќа за млади“ кој што е само продолжен од страна на СДСМ, а беше воведен од ВМРО-ДПМНЕ. И мислам дека така треба секоја влада да функционира, на еден начин ние да им дадеме на младите понуда за да останат. Младите во овој момент во Македонија ги држи само семејството. Бидејќи Европа им нуди подобри плати и им нуди подобри вредности и им нуди еднаква можност за вработување, а во Македонија ги држат само семејствата, појасни Нелоски и додаде дека државата треба да им овозможи подобри услови на младите за да останат во Република Македонија.