четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 131
home Вести

Нелоски: Власта нема слух за барањата на граѓаните во врска со езерото Треска

Нелоски: Власта нема слух за барањата на граѓаните во врска со езерото Треска

Денеска како ВМРО-ДПМНЕ остваривме средба со претставник од Одборот на кампери во езерото Треска каде што разговаравме за проблемот со кој што тие се соочуваат. Имено сите оние камп приколки кои се наоѓаат на таа локација во овој момент на еден начин насилно се присилени да ги отстранат или пак доколку не ги отстранат до 23 февруари ќе бидат отстранети од страна на институциите, изјави денеска за медиумите Владимир Нелоски, претседател на Градски комитет на ВМРО-ДПМНЕ.

– За жал и општина Сарај и градот Скопје, но и владата на Република Македонија сеуште немаат слух за барањата на овие граѓани. Имено веќе неколку пати доставиле барања до Владата на Република Македонија за средба со некој од претставниците од владата и разговар со проблемите со кои се соочуваат, но за жал сеуште нема никаква реакција. Ние како ВМРО-ДПМНЕ денеска поднесовме иницијатива до градот Скопје каде што побаравме да се дискутира на оваа тематика на следната седница на Советот на град Скопје каде што ќе разговараме за ова тема и воедно ќе прашаме до каде е со реализација проектот за ревитализација на езерото Треска, посочи тој.

Нелоски вели дека ова е проблем кој што го имаат не само овие кампери туку и сите скопјани бидејќи претставува овој проблем една рак рака на градот Скопје бидејќи и самиот градоначалник Петре Шилегов имаше ветувања на локалните избори во 2018 година дека ќе направи ревитализација на езеро Треска.

– За жал денеска гледаме дека таму е планирано една цела бетонизација и одредени бизнис интереси. Го повикуваме и Петре Шилегов, но и владата на Република Македонија и општина Сарај да направат нешто се со цел да се реши проблемот на овие луѓе. Инаку можеби едно од решенијата е да се одлучи одреден простор да се направи како корнер во општина Сарај каде што ќе останат овие камп приколки или пак да владата и градот Скопје најдеа некоја соодветна локација на која што ќе можат да бидат преместени овие приколки бидејќи сепак овие луѓе дваесетина или пак повеќе години со своите приколки се наоѓаат на тој простор во општина Сарај, а ние како ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период и преку Собранието на Македонија ќе се обидеме да добиеме одговор од институциите и од Владата до каде се со решавање на проблемот, додаде тој.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија