вторник, 18. јуни 2019. Вести денес: 48
home Вести

Нелоски: Страв ми е дека ќе продолжи таа гола политика на СДСМ и сите нивни функционери

Нелоски: Страв ми е дека ќе продолжи таа гола политика на СДСМ и сите нивни функционери

Владимир Неловски, член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во синоќешното гостување на Алфа рече дека граѓаните на Република Македонија увидоа што се случува кога Заев има година и пол власт како на државно така и на локално ниво.

-ВМРО-ДПМНЕ има 370.000 гласови, што е најдобар резултат на ВМРО-ДПМНЕ во опозиција на почеток на изборните циклуси. Не можеме да го заборавиме фактот дека ВМРО-ДПМНЕ после катастрофалниот пораз на локалните избори пред година ипол води во 40 општини, и тоа на избори каде што ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија се бореше против СДСМ и нивната коалиција и најголемиот нивен албански коалиционен партнер заедно со уште неколку албански коалициони партнери, истакна Нелоски.

Тој потенцираше дека од пресот на Пендаровски граѓаните не слушнале што ќе направи Пендаровски како претседател.

– Страв ми е дека ќе продолжи таа гола политика на СДСМ и сите нивни функционери на „сеење на празна слама“, додаде Нелоски.