четврток, 9. јули 2020. Вести денес: 234
МЕГА БОМБА

Еве ја целата листа: Речиси цело семејство Заеви, министри, градоначалници и функционери на СДСМ добија кривични од Боки 13

home Вести

Нелоски: Шилегов нема слух за економските мерки од ВМРО-ДПМНЕ кои треба да ги спроведе Град Скопје

Нелоски: Шилегов нема слух за економските мерки од ВМРО-ДПМНЕ кои треба да ги спроведе Град Скопје

Мерките кои ги предложи ВМРО-ДПМНЕ, а кои требаше да ги преземе Град Скопје изгледа како да не сте ги ни слушнале. А ако е така, тоа е жално, рече Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата на телевизија 21 обраќајќи му се на градоначаникот на Скопје, Петре Шилегов кој беше дел од дебатата.

Нелоски се осврна на повеќе мерки предложени од ВМРО-ДПМНЕ, а кои требаше да ги спроведе Град Скопје.

-Во економскиот дел, Град Скопје требаше сметките за вода да ги намали за 50 проценти. Град Скопје е одговорен за угостителските објекти, паушалот за терасите можеше да се укине со уредба на влада . Ова се дел од предложените мерки, а Шилегов немаше никаков слух, рече Нелоски.

Тој укажа дека ќе има големо задоволство ако Град Скопје има слух барем за некои од мерките.
Нелоски информираше дека ВМРО-ДПМНЕ има предложено 15 мерки, а тука е и за велосипедистите, за пренаменување на патеки за нив, освен оние за угостителски објекти и слично.

-Аргументот дека тоа не е во надлежност на Град Скопје е неприфатлив. Градоначалникот има контакти со надлежни и од јавни претприајтија и може да направи нешто, рече Нелоски.

Парламентарни избори 2020