недела, 29. март 2020. Вести денес: 30
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Нелоски: Се уште неможам да си објаснам зошто Скопје кој е збратимен со повеќе градови од Кина, Европа, па и од Америка нема побарано помош

Нелоски: Се уште неможам да си објаснам зошто Скопје кој е збратимен со повеќе градови од Кина, Европа, па и од Америка нема побарано помош

Скопје во моментов е со најмногу заразени со вирусот, а животот си продолжува во градот со секојдневни гужви и турканици по граскиот превоз. Затоа градските власти треба да побараат од владата дополнителни мерки се со цел да се спречи пренесувањето на Ковид-19, вели членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски на денешната панел-дискусија Live Chat насловена како „Затоа што секој живот вреди“.

-Се уште неможам да си објаснам зошто градот Скопје кој е збратимен со повеќе градови, како од Република Кина и од Европа, па и од Америка, зошто нема побарано помош за справување со кризата. Дополнително ме изненадува фактот зошто јавниот превоз е редуциран, кога тоа дополнително придонесува за правење на гужви и турканици во автобусите. Затоа сметам дека треба да се зголеми бројот на автобусите, кои што ќе се движат во градот, да се прави повеќе пати во денот дезинфекција во нив. Исто така она што ме загрижува се и неколкуте состаноци во тој кризен штаб и сметам дека тоа е малце. Тој штаб треба да се состанува во текот на денот неколку пати, да анализира и да бара решенија за спречување на ширење на заразата. Треба да се направат и пунктови пред влезовите, како во Скопје така и во Куманово, за да се дезинфицираат возилата, вели Нелоски.