петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 31
home Вести

Нелоски: СДСМ и Заев од Македонија направија најкорумпирана држава

Нелоски: СДСМ и Заев од Македонија направија најкорумпирана држава

Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во емисијата „Само вистина“, вели дека промената на уставното име, односно потпишувањето на Преспанскиот договор не донел инвестиции во државата, туку посветена влада која што ќе работи во интерес и за доброто на граѓаните.

Преспанскиот договор не е тој што носи инвестиции во една држава, инвестиции носат политичарите кои што треба да се посветат на работата и на доброто на граѓаните. Но, од друга страна инвестициите корупцијата која што е се поприсутна ги брка потенцијалните инвестиции. Да не заборавиме дека и амбасадорката на САД во Македонија кажа дека еден од главните проблеми на нашиот пат во ЕУ е токму корупцијата, вели Нелоски.

Во однос на корупцијата Нелоски посочи дека според индексот на перцепција на корупција, Македонија е на 106 место односно една од најкорумпираните држави во Европа, како и дека според реномираното списание Економист Македонија е хибриден режим, додавајќи дека токму владата и поранешниот премиер Зоран Заев се виновни за ваквата состојба Според Транспаренси Интернешнал ние сме најкорумпирана земја во Европа, а затоа не можеме да кажеме дека поранешниот премиер кој што ја водел државата е надвор од сите тие просеци и не знаел што се случува.  Според Економист ние сме хибриден режим, едно скалило до тоталитарен режим што е поразително за Македониј и не можеме да говориме за хибриден режим а Зоран Заев да е невин, вели Нелоски.

Според Нелоски во Македонија има селективна правда посочувајќи го случајот со градоначалникот на Ново Село од СДСМ кој што беше фатен како шверцува цигари а беше осуден само на 6 месеци, а излегол порано од затвор. Имавме случај каде градоначалник од СДСМ Боро Малборо е фатен на дело за шверц на цигари, во моментот кога е фатен има престрелка со полицијата и тој е осуден на шест месеци, и излезе порано од затвор. Сега повторно имаме случај каде што владата доделува лиценца на неговиот син за одгледување на марихуана, објасни Нелоски.

Коронавирус