сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 80
home Вести

Нелоски: Потребни се избори за да дојде влада која ќе ги спроведе потребните реформи за ЕУ

Нелоски: Потребни се избори за да дојде влада која ќе ги спроведе потребните реформи за ЕУ

ВМРО-ДПМНЕ стартуваше со концептот Обнова на Македонија и одиме во сите општини и разговараме со граѓаните за нивните секојдневни проблеми. Целта ни е да најдеме начин за решавање на нивните проблеми, рече Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ гостувајќи на телевизија 21.

Нелоски посочи дека за промена на работите треба да има избори.

– Не се сомневаме во изборната победа, но потребно е да има избори што е можно побрзо за да се спречи урнисувањето на системот, рече Нелоски.

Според него оваа влада го нема капацитетот да одговори на реформите.

-Реформите кои треба да се направат во Македонија не може да ги спроведе оваа влада. Треба да има што е можно побрзо избори за да дојде и влада која ќе може да ги реализира реформите во земјава, рче Нелоски.

На прашањето за патот кон ЕУ, или дали тоа што е Македонија во пакет со Албанија за добивање на датум може да наштети, Нелоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ одамна укажуваше на фактот дека може да и биде проблем на Македонија.

-Ова е еден од проблемите кои ги посочивме пред година, година и половина. Но, тоа би било предизвик за нашата земја и се надевам за брзо време ќе дојде влада која ќе го реши тој проблем. Нова влада која ќе ја извади Македонија од кошот, рече Нелоски.

Коронавирус