среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски: Петре пред изборите ветуваше дека ќе го врати сјајот на Универзалната сала, ама како и за многу други работи, така и за оваа излажа

Нелоски: Петре пред изборите ветуваше дека ќе го врати сјајот на Универзалната сала, ама како и за многу други работи, така и за оваа излажа

Петре пред изборите ветуваше дека ќе го врати сјајот на Универзалната сала, ама како и за многу други работи, така и за оваа излажа…

За жал ова е состојбата на ‘Универзална’ која е симболот на солидарноста и градот Скопје, а се гледа дека е катастрофална…

Дополнително, Петре толку многу се грижи за ‘Универзална’, што за жал веќе втор месец 23цата вработени во оваа институција немаат земено плата. Причината? Се разбира, многу добро позната. На 28.12.2019 се објавува оглас за вработување на 4 нови луѓе во бранот на партиските предизборни вработувања. Овие 4ца нововработени почнуваат со работа на 01.02.2020 година. Иако се примени, тие немале одобрение од министерството за финансии со што пресметките за плати на сите вработени заедно со тие четворица, нема законска теорија ниту можност да поминат и платата е закочена!!! Да не беше трагично, ќе беше смешно.. ?‍♂️

Вработените се обратиле до директорот (кој им порачал “ДА СЕ СНАЈДАТ”) и до “градскиот татко” кој нема време да им одговори сеуште… Најверојатмо е презафатен со неговите бизниси..

Ама ајде, издржете уште малку, ќе дојдат подобри времиња и за вас и за симболот на Скопје во кој сите ние сме биле на еден куп фестивали и настани!

Фејсбук статус на Владимир Нелоски

ЕУРО 2020

Македонија