понеделник, 22. јули 2019. Вести денес: 40
home Вести

Нелоски: Освоените гласови на СДСМ се јасен показател дека граѓаните немаат доверба во СДСМ и Заев

Нелоски: Освоените гласови на СДСМ се јасен показател дека граѓаните немаат доверба во СДСМ и Заев

Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во вчерашното гостување во емисијата Отворено на ТВ Алфа по завршување на вториот изборен круг од претседателските избор посочи дека СДСМ со овие освоени гласови треба сериозно да размисли бидејќи за само две и пол години почнале да ја губат довербата од страна на граѓаните.

-СДСМ отиде во коалиција со 32 партии каде што ја има најголемата албанска партија и каде што претседателот на таа партија излезе на прес и кажа дека има 100.000 албански гласови. Поентата ми е дека по вечерашниот прес кој што очекувам Зоран Заев ќе го одржи, утре дента кога ќе се отрезните од вашето славење треба навистина да се размислите каде ви отидоа гласовите од локалните избори. Граѓаните конечно видоа после две и пол години владеење на СДСМ дека оваа партија нема воопшто идеја што да прави, вели Нелоски.