петок, 7. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Нелоски: На Шилегов и четири мандата да му се дадат нема да направи ниту еден проект затоа што е неработник, мрзелив и неспособен

Нелоски: На Шилегов и четири мандата да му се дадат нема да направи ниту еден проект затоа што е неработник, мрзелив и неспособен

Поради тоа што на Петре Шилегов но и на градоначалниците во глобала проектите не се гледаат, токму затоа и на последните парламентарни избори, но и на овие кои што ќе дојдат локалните избори, кај СДСМ нема да се гледаат тие околу 70.000 до 80.000 гласови на ниво на Град Скопје кое што ги добија во 2017 година, вели Владимир Нелоски, претседател на Градски Комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување во емисијата Неделен брифинг на порталот Инфомакс.

Нелоски, вели дека на последните избори Петре Шилегов и другите скопски градоначалници изгубиле 70.000 гласови, а тоа е поради нивното неработење и неспособност.

-Јас говорам за изборите кои што поминаа, во Скопје СДСМ во 2017 година дојде на локална власт со околу 130, 140 илјади гласови. На последните парламентарни избори СДСМ во Скопје сите општини собрани СДСМ има околу 70.000 гласови. Значи скоро половина од гласовите им ги немаше. А им ги немаше гласовите бидејќи за тоа што го ветуваа во 2017 година, да се работници прва работа како ВМРО-ДПМНЕ најверојатно и во таков случај ќе им биде потребен повеќе од еден мандат да го завршат тоа, а со нивното темпо на работа, на Петре не уште еден мандат, уште четири мандата да му дадеме нема да го видиме тоа што го ветил во 2017 година. Нема да го видиме затоа што се неработници, затоа што се мрзеливи, и на крајот од денот ми се потврдува дека за жал се и неспособни, истакна Нелоски.

-Во моментот најактуелно е ДУП-от кај Холидеј Ин. Мое лично мислење не само за тој Детален урбанистички план таму, туку и за сите други Детални урбанистички планови во Скопје кои што ги има во последните неколку години премногу, иако ветуваа во 2017 година и дојдоа на локално ниво на власт со тезата дека ќе стават мораториум, дека ќе се сопрат урбанистичкото дивеење итн. Она што е важно е да се прашат најпрво граѓаните кои што живеат на таа локакција, но и нивните сограѓани и комшии кои би биле опфатени во таа област на домување, рече Нелоски.

Нелоски додаде дека СДСМ е четири години на власт и доколку сакале можеле да ги сменат сите спорни Детални урбанистички планови, додавајќи дека очигледна е спрегата меѓу градежните инвеститори и СДСМ, иако на локалните избори ветувале дека ќе се борат против урбаната мафија.

-Ние имаме четири години апсолутна власт на СДСМ, можеа во четири години да ги сменат овие спорни ДУП-ови, да направат јавна дебата за сите овие детални урбанистички планови за кои јас ги споменав, а што направија? Направија еден мораториум, втор мораториум, па им го бутна Уставен мораториумот, и тука доаѓа на кое што се гледа дека очигледно има спрега помеѓу градежните инвеститори и СДСМ, иако ветуваа дека ќе се борат против урбаната мафија, смета Нелоски.

Најнови вести

Коронавирус