сабота, 28. март 2020. Вести денес: 1
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Нелоски: На бизнис секторот му е потребна сериозна помош од владата за да го издржи ударот од коронавирусот

Нелоски: На бизнис секторот му е потребна сериозна помош од владата за да го издржи ударот од коронавирусот

За економските мерките предложени од владата во денешниот „Live Chat“ Владимир Нелоски од ВМРО-ДПМНЕ истакна дека е разочаран бидејќи реакцијата на државата е многу спора.

-Владата имаше најава за кредити со ниски каматни стапки, но според мене тоа не е некоја мерка бидејќи тие заеми фирмите повторно ќе треба да ги враќаат. Тоа беше пред 5 или 6 дена, а пред два дена имавме една поголема најава на десетина мерки кои што беа поврзани со економијата. Но, за жал поминаа два дена од најавата на тие мерки, а ние сеуште немаме ништо. На бизнис секторот му се потребни сериозни мерки, помош од страна на државата, за да го издржи ударот која го донесе коронавирусот. Приватниот сектор во моментов е на колена. И со ставање на минималец на целата јавна администрација, СДСМ и Зоран Заев на еден начин ќе ја спушти на колена и јавната администрација, а се знае дека за да оди напред економијата треба да се зголемува потрошувачката. Затоа мислам дека доколку има кратење на платите на јавната администрација, тоа да не биде повеќе од 10 проценти. А приватниот сектор државата да го подджи со субвенционирање на 50 проценти од бруто платата на погодените претпријатија. Инаку, со овие мерки што ги предлага владата мислам дека економијата ќе биде спуштена на колена, посочи Нелоски.

Тимот на економисти од ВМРО-ДПМНЕ, вели Нелоски, предложи повеќе мерки кои владата треба да ги превземе. Една од тие мерки е и одложување на плаќањето на данокот на додадена вредност за месец март, кој што треба да се направи во април, за сите компании кои што се погодени со оваа криза. Потоа, да се помогне транспортниот сектор, преку укинување на патарините, а и да бидат ослободени од царинските давачки. Да се ослободат од давачки, царински или даночни, оние компании и фирми кои го снабдуваат здравството со средства за борба против коронавирусот. Исто така и неколку месечно замрзнување на кредититите на граѓаните. Владата да најде начин да обезбеди 110 милиони евра , отприлика толку се потребни за да нашата економија го издржи ударот. Потребно е и стопирање на сите непродуктивни трошоци што ги имаат државните, но и локалните институции, како и трошоците за привремените вработувања, посочи Нелоски.