четврток, 19. септември 2019. Вести денес: 20
home Вести

Нелоски: Младите ја напуштаат државата поради недоверба на оваа власт

Нелоски: Младите ја напуштаат државата поради недоверба на оваа власт

Владимир Нелоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ при своето гостувањена „Клик плус“ не се согласи  со сегашниот претседател на СДММ, Дарко Каевски дека младите во последните десет години си отишле поради погубните политики. И го потсети дека не треба да се заборави дека и покрај дел од работите и сегментите каде што ВМРО-ДПМНЕ направи повеќе за младите.

-ВМРО е партијата која што ги намали партиципациите за сите студенти значи пред  година не можеше секој да студира во Република Македонија.Ние овозможивме да секој млад човек што сака да се образува да има можност да го направи тоа. Да не ја заборавиме мерката за вработување на млади лица под години каде што за прв пат во историјата на Македонија се направи конкретна мерка за да се вработуваат млади луѓе каде што десетици илјади млади луѓе се вработија. Бројот на стипендии кои што ги воведовме како ВМРО-ДПМНЕ и најразличните проекти како што е „Купи куќа за млади“, потоа бесплатниот превоз за студенти, појасни Нелоски.

Нелоски рече дека младите освен поради финансиски причини ја напуштаат државата поради недовербата на системот и поради тоа што за жал оваа влада од своето доаѓање иако ветуваше многу нешта во однос на младите луѓе конкретно нема ништо направено.

Оваа власт ветуваше дека ќе направат студентски град во Скопје, две години се на власт но се уште нема ништо од тој студентски град. Дополнително сегашниот заменик министер за образование кој доаѓа од редовите на СДСМ пред неполни две години најави дека ќе има студентски дом во Штип со околу 300 легла за студентите до крајот на 2018 година но го немаме ни тоа. Младинската гаранција се уште е еден од прокетите кој што младите не можат да го видат и да го посчуствуваат, истакна Нелоски.

Нелоски потсети дека СДСМ не ги врати иселените 600.000 млади туку напротив потврдија дека минатата година 43.000 луѓе ја напуштија државата.