вторник, 22. октомври 2019. Вести денес: 112
home Вести

Нелоски: До каде е кривичната одговорност за Павле Богоевски?

Нелоски: До каде е кривичната одговорност за Павле Богоевски?

Владимир Нелоски, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, во денешното негово гостување во емисијата Само Вистина на емисијата Канал 5, запраша до каде е кривичната одговорност на пратеникот од СДСМ Павле Богоевски кој што најави оставка поради скандалот со недозволиво тргување и конзумирање на наркотични супстанци.

Каде е кривичната одговорност во случајот на Павле Богоевски. Ние имаме човек кој е фатен во криминално дело кое што го признава пред целата јавност. но ниту еден од владата, од министерството за внатрешни работи не кажува збор за тоа, запраша Нелоски.

Според него Богоевски мора да одговара пред законот исто како секој граѓанин во Република Македонија кој се огрешил пред законот.

Павле Богоевски треба да одговара како што одговараат сите граѓани кои ќе се огрешат пред законот, вели Нелоски.