недела, 13. јуни 2021. Вести денес: 75
home Вести

Нелоска: Без вакцини, со преполни болници и истоштен здравствен персонал – властите се решени да прават попис 

Нелоска: Без вакцини, со преполни болници и истоштен здравствен персонал – властите се решени да прават попис 

Медицинските лица се погласно реагираат и го креваат гласот против одлуката на власта да спроведува попис за регистрација на населението и домовите, при што во вака застрашувачка состојба со коронавирусот попишувачите треба да влегуваат по домовите на македонските граѓани, каде што дневно, во просек треба да поминат по околу 30 домови. 

Последна во низата која денес се јави со реакција е докторката Ленче Нелоска, која е и член на Комисијата за здравство на ВМРО-ДПМНЕ. Таа, на социјалната мрежа Фејсбук, прави детална анализа за актуелната епидемиолошка состојба во државата, при што додава дека алармантно лошата состојба е последица на лошиот менаџмент и отсуството на стратегија на властите како да се справат со ситуацијата. 

За последните три дена има регистрирани нови 2846 случаи на Ковид позитивни и 56 починати. Болничките капацитети се преполнети. Невозможна мисија е здравствените работници да одговорат на потребите на сите оние на кои им е неопходна помош, САМО и заради САМО, лош менаџмент и отсуство на било каква стратегија или идеја на одговорните, како да се справиме со овој хаос. Континуирано проблеми со закажување на тестови, приватно плаќање заради недостапност на истите во јавниот здравствен систем. Затоа приватните лаборатории немаат проблем со ликвидноста во изминатава година“, пишува Нелоска која додава дека во јавното здравство во континуитет има недостиг на есенцијални лекови, не само за Ковид пациентите туку и за најранливите категории граѓани, како трудниците. 

Недостиг или прекомплицирани процедури за есенцијални лекови како Клексан и Фраксипарин. И не само за Ковид пациентите на кои им е неопходен за да преживеат, туку и за најранливите категории – трудници, лица со мозочен удар и сл. Кои во овој хаос мора да висат со часови по болниците за да ги задоволат малоумните процедури кои ги наметнува ФЗОМ, за на крај делумно да ги рефундираат парите за овие лекови. А сите редовно си плаќаме здравствено осигурување! Од некоја друга болест, не дај Боже да се разболи човек, нема пристап, освен нормално во приватните болници“, истакнува Нелоска која потенцира дека хронично болните и ризични категории, за власта веќе се имагинарна популација. 

А од друга страна, додава таа, вакцини за населението нема, за што власта покажа тотална неспособност за да ги набави, а од друга страна продолжува да ја манипулира јавноста дека обезбедиле, а вакцини никаде нема. А од друга страна африкански држави веќе успеаја да обезбедат вакцини за своите население. 

„Од 30 Декември до 26 Февруари министерот транспарентно информира за постигнување, дефинирање, допрецизирање, финализирање на договорот со Фајзер, за на крај Претседателот да ни каже дека Фајзер не сака да разговара со држави под 2 милиони жители??? Кој е овде луд, кој збунет а кој нормален???  Има ли некој нормален??? Како тогаш Кенија доби еден милион вакцини, Руанда 340.000 вакцини, Судан 800.000, Гамбија 36.000 вакцини, Сенегал 324.000 вакцини. Пред неколку дена Молдавија, која не е земја членка на НАТО, ниту е блиску до почеток на преговори со ЕУ доби 21.000 вакцини од ЕУ“, пишува Нелоска. 

Таа прашува како Србија има вакцинирано над 1 000 000 лица и Албанија почна со вакцинација, а нашите власти тврдат дека одлично се справуваат со кризата? 

Од друга страна, вели Нелоска имаме несоодветна мерка, полициски час во траење од 22:00-05:00 часот, а до девет часот вечерта се останато работи, од кафулиња до кафани, обложувалници, а и Јавен сообраќаен транспорт кои се преполни со луѓе. 

И во ваква ситуација, вели таа, среде траење на полисиски час, за кој одредени градови бараат да почнува дури и порано поради влошена состојба со корона вирусот, власта одлучува да не попишува. И тоа без вакцини и вакцинирани попишувачи, со застрашувачки бројки на новоинфицирани, со преполни болници и со истоштен медицински персонал, која додава дека пописот поради Ковид-19 го одложи една моќна Германија. 

ПОПИС СРЕДЕ ПОЛИЦИСКИ ЧАС?! Без вакцини, со застрашувачки бројки на новоинфицирани, со преполни болници, со полициски час, властите се решени на прават попис?!? Зошто? Па одамна сме немале. Да не е страшно би било смешно, парадоксално, апсурдно! Па ваква епидемија не сме имале НИКОГАШ, нели тоа мора да е приоритет на власта? Па една Германија го одложи пописот. Изгледа и во Србија, лошо им оди со вакцинацијата па и тие го одложиле пописот… Само ние БЛЕСКАМЕ. Или нашата власт има други приоритети?“, констатира и прашува Нелоска. 

Таа тврди дека со туркањето попис во време на алармантна состојба на пандемијата со корона вирусот, власта не си ја обавува со Устав и закони дадената обврска да се грижи за здравјето на граѓаните, која меѓу другото додава дека, оваа Влада не знае и нема капацитет да се носи си проблемите од пандемијата.

ЕУРО 2020

Македонија