недела, 29. ноември 2020. Вести денес: 83
home Вести

Неколку лекарки од Штип во домашна изолација- биле во контакт со директорката на Клиниката за кожни болести

Неколку лекарки од Штип во домашна изолација- биле во контакт со директорката на Клиниката за кожни болести

Неколку лекари специјалисти од штипското кожно одделение се во домашна изолација, откако биле во контакт со директорката на Клиниката за кожни болести, за која тестовите покажаа дека е позитивна на корона вирус.

Директорката на Центарот за јавно здравје-Штип, Марија Димитрова за МИА вели дека лекарките од штипското кожно одделение се во домашна изолација.

Епидемиолозите во разговорите и анкетата утврдуваат со колку луѓе лекарките имале контакт.

Екипа од Центарот за јавно здравје –Штип на кожното одделение прават целосна дезинфекција.

Коронавирус