понеделник, 14. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Некој во најважните државни институции лаже за НАТО сертификатите

Некој во најважните државни институции лаже за НАТО сертификатите

До овој момент меѓу 40 и 50 високи функционери во државата, од службите до политиката, имаат добиено НАТО сертификати, а уште стотина се во процедура да добијат. Ниту еден политичар на локално или централно ниво нема добиено негативно решение, вели претседателот Стево Пендаровски.

-Не е точно дека само Пендровски има безбедносен сертификат. До овој момент меѓу 40 и 50 високи функционери во државата, од службите до политиката, имаат добиено НАТО сертификати. До овој момент уште стотина се во процедура да добијат, изјави Пендаровски во гостување во емисијата Стадион на радио Канал 77.

Овие информации на шефот на државата се сосема различни од тие што ги дава главниот македонски функционер за класифицирани, директорот на ДБКИ, пишува порталот Експрес.мк.

Во интервју за Слободна Европа Стојан Славески директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации дава дијаметрално спротивни податоци од Пендаровски што укажува дека некој во највисоките државни институции лаже и прави огромна штета за сметка на довербата на НАТО во македонската држава.

“Според големината на државата меѓу 500 и 600 македонски државјани треба да добијат сертификат за безбедност од НАТО, а постапката на барање на сертификати е почната за околу 300”, објаснува за Радио Слободна Европа Стојан Славески, директор на Дирекцијата за безбедност на класифицирани информации.

Преку оваа институција одат сите барања за безбедносен сертификат од Македонија од каде според Славески има 200 од 300 функционери кои досега добиле безбедносни сертификати за работа на класифицирани информации на НАТО. Десетина пак, не ја поминале безбедносната проверка, додава тој.

Според Пендаровски има вкупно околу 150 барања од македонски функционери од кои досега само 40 до 50 добиле сертификат.

Меѓу бројките на Пендаровски и Славески има фрапантна разлика од околу 300 луѓе во вкупната бројка на луѓе во македонските институции за кои ќе се бараат сертификати, и околу 150 за кои досега е добиен сертификат.

Зошто меѓу шефот на државата и најодговорната и најкомпетентната институција на ова тема постои ваква дискрепанца не може ни да се претпостави.

Директорот на ДБКИ е поставен од владата и тој е директно под контрола на премиерот што дава поинаква перспектива за различните податоци кои ги кажуваат Пендаровски и Славески.

Линкови со различните податоци за НАТО сертификатите

Пендаровски: Ниту еден политичар не е одбиен од НАТО за безбеносен сертификат

Околу 150 лица се на проверка за НАТО-сертификат, досега се одбиени двајца

Славески: Десетина баратели досега одбиени за НАТО сертификат

ЕУРО 2020

Македонија