четврток, 17. октомври 2019. Вести денес: 0
home Вести

НЕКОЈ ГИ ЛАЖЕ РОДИТЕЛИТЕ: Поликлиниките немаат вакцини, Министерство за здравство тври дека има!

НЕКОЈ ГИ ЛАЖЕ РОДИТЕЛИТЕ: Поликлиниките немаат вакцини, Министерство за здравство тври дека има!

Скандалите во здравството не стивнуваат. Родителите загрижени за здравјето на своите деца, лутаат во хаосот со вакцинирањето и епидемиите.

Децата кои се мали да примат МРП додека трае епидемијата, треба навремено да ги примат останатите вакцини. Но, вакцини нема.

Според информациите на КУРИР, вакцини од овој тип, нема повеќе од две недели.

Додека министерството апелира да се вакцинираат децата, вакцини нема. Граѓани од цело Скопје се жалат дека во поликлиниките нема шестовалентна вакцина Д-Т-П• ХИБ• ХЕП Б• ПОЛИО.

Родителите кои во време на епидемии и грип ги носат своите деца на вакцинирање, се враќани дома, со образложение дека вакцини нема.

КУРИР се обрати до Министерството за здравство, посочувајќи на овој проблем, но од таму ни дадоа сосема поинакви информации од тие кои ги добивме од терен.

-Информираме дека има доволно количини од сите типови вакцини, вклучувајќи ја и шествалентната вакцина Hexaxim. Министерството за здравство во моментот располага со вкупно 16.600 дози од вакцината Hexaxim, кои се на располагање на сите здравствени домови и поликлиники, вклучувајќи ја и поликлиниката Јане Сандански во Скопје.  Динамиката на дистрибуцијата во здравствените установи се одвива на квартално ниво, согласно претходно испратено барање од страна на установите. Исто така постои можност секој квартал да се надополни со вонредно барање од страна на здравствените установи, стои во одговорот кој КУРИР го доби од Министерството за здравство.

Претпоставувајќи дека нема да го добиеме точниот одговор ако се претставиме како новинари, редакцијата на КУРИР стапи во контакт со три скопски поликлиники, каде новинарот се претстави како родител на дете кое треба да се вакцинира.

Од поликлиниката „Јане Сандански“ добивме одговор дека шестовалентни вакцини нема.

-Немаме вакцини и не знаеме кога ќе ги добиеме. Најверојатно тоа ќе биде до крајот на оваа работна недела, но не можеме да тврдиме со сигурност, ни одговорија од таму.

Слични одговори добивме и во поликлиниките во Ченто и Ѓорче Петров. Од таму ни кажаа дека немаат добиено шестовалентни вакцини, па и тие ги враќаат родителите дома.

КУРИР прашува: Кој ги лаже родителите?

Министерството за здравство или не е запознаено со состојбата на терен или сака да го сокрие фактот дека вакцини нема. Одговори на родителите, секако дека им се должни што поскоро.

Ако пак, од друга страна, во здравствените домови навистина се доставени вакцини, тогаш челниците на овие поликлиники треба да одговорат каде се истите и зошто на родителите им велат дека нема вакцини.