понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Некои возови воопшто нема да сообраќаат: Нов распоред на железничкиот сообраќај во Македонија

Некои возови воопшто нема да сообраќаат: Нов распоред на железничкиот сообраќај во Македонија

Новонастанатат ситуација со полицискиот час кој од среда 08.04.2020 ќе започне од 16 часот, а за време на викендот ќе трае безпрекинато, ќе влијае и на железничкиот транспорт на патници.

Воведен е нов распоред на сообраќај на возовите, поради што некои нема воопшто да сообраќаат.

Возови кои ќе сообраќаат:

  • релација Велес – Скопје – Велес:
    1. воз бр. 601 ќе сообраќа по возен ред со поаѓање од Скопје во 09:15 часот,
    2. воз бр. 2080 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Велес во 11:30 часот,
    3. воз бр. 2081 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Скопје во 12:40 часот, и 4. воз бр. 2082 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Велес во 13:44 часот.
    4. од понеделник до петок ќе сообраќа ад-хок патнички воз на релација Скопје – Велес со планирано поаѓање од Скопје во 05.45 часот и пристигнување во Велес во 06.30 часот, (гарнитура за воз бр. 630 од Велес).
  • релација Скопје – Гевгелија – Скопје:
    1. воз бр. 611 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:23 часот
    2. воз бр. 632 со поаѓање од Гевгелија со променет возен ред, ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Гевгелија во 11:30 часот.
    3. воз бр. 630 од Велес со променет возен ред, ќе сообраќа со задоцнување од +32 мин. и поаѓање од Велес во 06.45 часот.
  • релација Скопје – Битола – Скопје:
    • воз бр. 641 со поаѓање од Скопје по возен ред, во 06:57 часот
    • воз бр. 642 ќе сообраќа предвреме со поаѓање од Битола во 10:50 часот.

 

Дополнително на ден 08.04.2020 година, (среда) ќе сообраќаат и возовите бр. 640 релација Битола – Скопје и 661 релација Кичево – Скопје.

Останатите возови планирани со возниот ред 2019/20 година нема да сообраќаат.

Коронавирус