петок, 22. октомври 2021. Вести денес: 113
home Вести

Некаде започна да беснее невреме – Температурите низ Македонија

Некаде започна да беснее невреме – Температурите низ Македонија

Времето денеска променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Пообилни врнежи, според УХМР, ќе има доцна попладне и во текот на ноќта кон петок, кога на места ќе биде и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Ќе дува умерен до засилен јужен ветер кој кон крајот на денот ќе се промени во северен. Максималната темпертура ќе достигне до 28 степени на југоистокот на земјава.

Ова се моменталните температури. Некаде веќе беснее невреме.

Дожд ќе има и утре претпладне, а ќе дува и засилен северен ветар, па утрешната максимална температура ќе достигне само до 20 степени. За викендот се очекува стабилизација и максимални температури в сабота до 23, а в недела до 24 степени. В понеделник во вечерните часови ќе има повремен дожд, а температурата ќе достигне до 22 степена.

Локални избори 2021