среда, 20. јануари 2021. Вести денес: 21
home Вести

Неизвесно е кога „Мала Богородица“ ќе стане ковид центар- постапката заглави во бирокатските лавиринти

Неизвесно е кога „Мала Богородица“ ќе стане ковид центар- постапката заглави во бирокатските лавиринти

Најавата дека итно ќе се стави на располагање за пациентите од вториот бран на пандемијата, за новиот ковид Центар кај Стара Систина и по 11 дена министерството за здравство се уште не може да изнајде правна формулација, за усмениот договор да прејде на хартија со приватните болници кој заедно со државата треба да ја водат новата болница. Здравство и приватните болници интензивна се во комуникација и се бара правната форма на соработка, е истиот став на здравство повеќе од 10 дена. Главниот штаб со кој раководи центарот за управување не се откажува од највените 100 кревети, но засега нема потреба од болницата, објавува Телма.

И кислородниот резервоар за болницата е во уште поголем правен јазол. Кој да удри потпис на дозволата за поставување на боцата одговорноста меѓусебно си ја префрлаат три институции.

И по денешниот увид на локацијата која што е пресудна дали опасен резервора може да стои во населено место подалеку од училишта сеуште нема одлука.. Според, досегашната пракса специјалното оделение при МВР треба да даде дозвола, ангажираната фирма да изготви елаборат кој треба да го провери министерстовто за животна средина.

Како ненадлежни засега се прогласија општина Карпош, Министерството за транспорт и врски и здравство. Приватните болници велат дека ќе ја почекаат правната разврска околу новата болница која ќе треба да ја наполнат со кадар, а за надоместокот да потпишат договор со фондот за здравствено осигурување. Донеле опрема и го средиле затворениот Ибис стајл хотел, односно поранешна Гинекологија Мала Богородица, додека се чека државата да ја заврши работата и да почнее леувањето на најмногу 100 пациенти одеднаш.

Коронавирус