сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Неизвесно е дали дијаспората ќе гласа на претстојните избори

Неизвесно е дали дијаспората ќе гласа на претстојните избори

Гласање во дијаспората за предвремените парламентарни избори ќе може да се спроведе само доколку за тоа се пријават најмалку 6.700 наши гласачи.

-Ова е законски миннимум од претходните избори што го освоил пратеникот кој добил мандат со најмал број гласови во нашата држава и тоа е услов за да може да се организираат наредни избори во дијаспората, појасни претседателот на ДИК Оливер Дерковски на денешната седница на Комисијата.

Средствата кои се предвидени за оваа намена, рече, ќе се потрошат само доколку се исполни условот за да се организира гласањето во дијаспората.

На минатите избори, во двата круга, потсети Дерковски, за гласање во дијаспората биле потрошени скоро 28 милиони денари. (МИА)

Коронавирус