понеделник, 1. јуни 2020. Вести денес: 17
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Негативен е резултатот за коронавирусот на бебето од Куманово чија мајка е позитивна

Негативен е резултатот за коронавирусот на бебето од Куманово чија мајка е позитивна

Негативен е резултатот на бебето родено на 30 март од мајка која беше позитивна на коронавирусот, соопшти попладнево Министерството за здравство.

Пациентката позитивна на вирусот роди живо машко новороденче кое е недоносено и се наоѓа на интезнивна нега на Клиниката за гинекологија и акушерство.

На 31 март, неговата мајка поради отежнато дишење со намалена сатурација, беше веднаш префрлена и хоспитализирана на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, од каде информираат дека нејзината состојба е стабилна.

Родилката е од Куманово и е на возраст од 27 години.

– Таа беше спроведена и породена во изолација, заради фактот што како суспектна на Ковид-19 и упатна дијагноза која укажува на намалената плодова вода била најавена и испратена на Клиниката преку својот матичен лекар. При приемот, на пациентката освен комплетната лабораторија, веднаш и е земен брис за Ковид- 19. На Клиниката за гинекологија и акушерство со пациентката е постапено по сите протоколи за прием на суспектен или заразен пациент како во однос на нега и третман, така и во однос на адекватна заштита на персоналот и изолација на пациентот, информираат од ресорното Министерство.

Коронавирус