сабота, 23. јануари 2021. Вести денес: 32
home Вести

„Нефа мебел“ затвори преку ноќ, стотици купувачи остануваат без платените нарачки?

„Нефа мебел“ затвори преку ноќ, стотици купувачи остануваат без платените нарачки?

Испразнети преку ноќ останаа дуќаните на Нефа мебел во Скопје. Попусти беа обидите на граѓаните кои уплатиле мебел за својот дом да дознаат нешто повеќе бидејќи во дуќаните нема вработени. Сопственикот кој по потекло е руски државјанин во Македонија и во Србија преку ноќ избегал ограбувајќи ги клиентите за нивните однапред платени нарачки. Во Србија без работа се останати околу 550 вработени во фабриката и во 34 продавници а во земјава има околу десетина продавници -3 во Скопје, во Велес, Прилеп, Битола, Гостивар, Тетово и Струмица.

Еден млад брачен пар кој не сакаше да зборува пред камера кој го затекнавме пред заклучените врати на Нефа мебел ни раскажа како сега имале уплатено само еден кревет од 15 илјади денари кој најверојатно нема да го добијат но дека за среќа планирале деновиве по свадбата да дојдат и да купат се што им треба за да си го опремат станот. Тие пријавиле и во полиција од каде побарале да се види дали во магацините има мебел кој можат да си го земат или и тие се преку ноќ испразнети. На вратата од салонот за мебел најдовме ливче со број на муштерија кој си го познал својот кревет останат сам во празниот дуќан и кој ги замолил вака со порака вработените да му отклучат за да го земе. Во телефонски разговор вели дека мебелот е на кредит и дека уште му се заканува тужба ако не го доплати кредитот..

Од организацијата на потрошувачи во став за Канал 5 велат.

Со оглед дека е настаната ваква состојба во која сопствениците затвориле и се во бегство граѓаните мора да интервенираат во државниот пазарен инспекторат каде ќе ги достават документите за плаќање и да бараат да им се одговори дали се во можност да интервенираат. Договорите се раскинуваат заради неисполнување на обврските но граѓаните треба да консултираат адвокат заради судска постапка. Организацијата на потрошувачи во вакви случаи не може да интервенира затоа што се работи за различни оштетни побарувања на граѓаните и тие треба да тужат.

Став добивме и од МВР од каде кусо ни изјавија дека до сега има пријавено само двајца граѓани дека не можат да си го добијат мебелот кој однапред го платиле. Засега не е познато колкава е вкупната сума која е ограбена од македонските и српските потрошувачи бидејќи допрва ќе се пријавуваат случаите на измама.

Извор: kanal5.com.mk

Коронавирус