петок, 14. мај 2021. Вести денес: 0
home Вести

Недостиг на клексан и фраксипарин, причина за зголемената смртност во Македонија, Филипче молчи

Недостиг на клексан и фраксипарин, причина за зголемената смртност во Македонија, Филипче молчи

Граѓаните стравуваат за своите животи, освен што не можат да добијат вакцина против смртоносниот вирус КОВИД-19, секој ден бараат лековите за спречување на згрутчување на крвта кое е последица на короната.

Имено според информациите на граѓаните еден од антикоагулантите не може воопшто да се најде на пазарот, а тоа фраксипаринот. Според одредени извори се дознава дека Агенцијата за лекови не го одобрува упатството. Токму бирократските пречки се една од причините за смрт за десеттина лица дневно.

Министерот за здравство Венко Филипче секој ден ги уверува граѓаните преку своите изјави за медиуми дека има доволно лекарства за справување со корона вирусот. Но во реалноста очигледно е дека не е така. Таков пример уште еден е каде што останатите антикоагуланти уште се наоѓаат само преку познати или преку тајни канали, тоа секој ден се случува со клексанот.
„Во моментов нема недостиг од овој тип на терапија, ниту во болниците ниту во аптеките. Зголемента потрошувачка се должи на тоа што овие лекови се вклучуваат како терапија кај болните со КОВИД-19“, убедуваше министерството за здравство преку своите соопштенија.

„И покрај зголемената побарувачка на одреден број лекови, доставата на терапиите оди тековно и нема застој. За некои лекови кои се користат во болниците, потрошувачката е тројно зголемена, во однос на истиот период лани, но потребните колични се испорачуваат и нема недостиг од лекови“, уверува министерот за здравство Венко Филипче во една од своите изјави за медиуми.
Но опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ ја обвинува власта дека поради недостиг на вакцини и соодветни лекарства граѓаните плаќаат со своето здравје и живот.

„Сите пациенти од први јануари до сега одат на негова совест затоа што тој не набави вакцини кога цел свет набавуваше. Да имаше вакцини, голем број од граѓаните ќе беа спасени. Но, и покрај тоа Филипче не осеќа дека треба да поднесе одговорност. Во сред пандемија немаше Инвермектин и Клексан. И повторно некој друг е виновен но, не министерот за здравство Венко Филипче“, обвинува опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

Коронавирус