четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 39
home Вести

Неделков за Алфа: Од следниот месец образованието стапува во генерален штрајк

Неделков за Алфа: Од следниот месец образованието стапува во генерален штрајк

Од 11 ноември образованието стапува во генерален штрајк, најавија од СОНК, разочарани од ниските плати. Понудените 10% на Владата за раст на платите во образованието, просветарите ги прифаќаат. Просветните работници бараат зголемување на платите повеќе од 10% и тоа да биде први јануари, а не од април како што предложи Владата. Првиот човек на СОНК Јаким Неделков, за Алфа рече дека ако во рок од 15 дена не им се чуе гласот, ќе има целосен прекин на наставата.

– Понудата од МОН ја отфрламе и барамe зголемување на платите да започне од 1 јануари и за процент повисок од 10 проценти, во спрoтивно ако тоа не се прифати зaпочнуваме со генерален штрајк од 11 ноември, изјави Неделков, по денешната седница на која присуствуваа претседателите на регионалните организации.

По најавите од СОНК дека просветните работници ќе излезат на улица се огласи и премиерот. Рече дека свесни биле оти платите во образованието се мали, но Заев рече дека толкави биле капацитетите на државата.

Инаку, освен основните и средни училишта, кон штрајкот ќе се приклучат и високообразовните установи, ако властите експресно не изнајдат компромис со СОНК. Освен ниските плати просветните работници загрижени се по најавите за реорганизација на вработените поради сериозен недостаток на ученици.

– Имавме првични разговори со МОН од каде што се најавува рационализација. Ние бараме тоа да биде заеднички проект и да нема отпуштања од работа. Тоа да се направи со пензионирање или со префрлања на евентуален вишок на наставници од една во друга општина, изјави Неделков.

Освен лошата слика во образованието, од СОНК побараа и воведување на К-15, почитување на колективните договори и исплата на прекувремените работни часови на наставниците.

ИЗВОР:АЛФА

Коронавирус