среда, 20. ноември 2019. Вести денес: 181
home Вести

Неделков: Не значи дека платата и во иднина ќе остане на 10 отсто

Неделков: Не значи дека платата и во иднина ќе остане на 10 отсто

Првиот човек на СОНК, Јаким Неделков денеска не го криеше задоволството договорот со МОН.

– „Денеска ја имавме последната рунда на преговори. Разговараме околу најавеното зголемување на плати. Нашето барање беше прифатено од МОН. Во изминатиот мачен период имавме тешки преговор, но ова е нов почеток на нови рунди-преговори и денес отворивме нови дополнителни прашања. Не значи дека и во иднина платата ќе остане 10 отсто“, истакна Неделков.

Претходно и министерот Адеми кажа дека ова е историски моемнт и дека е горд што растат платите.